Утрински Весник
Свет

Американски државјанин ја преминал границата меѓу Северна и Јужна Кореја, полицијата на Ким Џонг-ун веднаш го уапсила

Американски државјанин ја преминал границата меѓу Северна и Јужна Кореја, полицијата на Ким Џонг-ун веднаш го уапсила

Севернокорејската полиција уапсила американски државјанин откога тој илегално ја преминал границата со Јужна Кореја и влегол во земјата.

dobivaj vesti na viber

Командата на Обединетите нации, која управува со демилитаризираната зона и заедничката безбедносна област (ЈСА) што ги дели Северна и Јужна Кореја, рече дека мажот немал овластување да премине.

„Американски државјанин неовластено ја преминал воената демаркациска линија во Демократска Народна Република Кореја. Се сомневаме дека тој моментно е во притвор и работиме со нашите колеги од Јужна Кореја на разрешување на овој инцидент“, соопшти командата.

Стејт департментот сѐ уште не се изјаснил за овој случај, а не е познато дали преминувањето на границата било намерно или поради сплет на околности.

Можете да прочитате

Над 700 луѓе загинаа во израелските напади низ Либан

Tрамп најави нови напади во Иран следната недела

Единствената фабрика за вештачки ѓубрива во Романија се затвора