Утрински Весник
Македонија

Американската амбасадорка: Ние инвестираме во антикорупцијата во Македонија, но напредокот не е доволен

Агелер за „црната листа“: Информацијата ќе дојде од Вашингтон, но јас стојам зад тоа што го кажав
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Нема голем напредок во антикорупцијата во Северна Македонија и Западен Балкан, оцени американската амбасадорка во земјата, Анџела Агелар, на денешниот форум за жени посветен на доброто владеење и антикорупцијата.

dobivaj vesti na viber

Во обраќањето таа рече дека САД имаат значителни инвестиции во борбата против корупцијата бидејќи тоа е во најдобар интерес, но повратот на нивната инвестиција досега не бил многу висок.

Според амбасадорката, потребно е повисоко ниво на учество на жените во донесувањето одлуки за помирна и постабилна демократија.

„Зголемувањето на политичката ангажираност на жените ја намалува можноста за конфликти. Кога велам учество, мислам на лидерство, не само да седи на масата, туку да биде на чело на неа“, рече амбасадорката.

Претходно неделава, Стејт департментот во годишниот извештај за напредокот на Македонија нотира владина корупција. Во извештајот се посочува дека Владата презела чекори за идентификување, истрага, кривично гонење и казнување на функционерите што извршиле злоупотреба или учествувале во корупција, но и во 2022 година постојат извештаи за функционери што подлежат на коруптивни дејства.

Можете да прочитате

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово

СДСМ: ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи дел од колачот вреден 3 милиони евра

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника