Утрински Весник
Свет

Американка удрила во стомак бремена жена која го изгубила бебето, обвинета е за убиство

Американка удрила во стомак бремена жена која го изгубила бебето, обвинета е за убиство

Жена од Тексас е обвинета за убиство откако удрила бремена жена која го изгубила своето бебе од ударот.

dobivaj vesti na viber

Осомничената Чери Акил (39) била во притвор во округот Тарант минатата недела, но полицијата ја однела во болницата Џон Питер Смит во Форт Ворт поради самоубиствени мисли.

„Во болницата Акил удрила бремена жена вработена таму, со тупаница во стомакот, која веднаш била префрлена на одделението за траума. Лекарите направиле ултразвук и утврдиле дека бебето повеќе нема пулс“, се вели во соопштението на полицијата. Пред инцидентот, Акил била во притвор поради измама со кредитни картички.

„Обвинението за убиство од небрежност за смрт на фетус е ретка, но не сосема невообичаена примена на законот во Тексас. Тоа не значи дека обвинението не може да се промени“, изјавила адвокатката на Акил, за Ен-би-си њуз.

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка