Утрински Весник
Свет

Американец за кого постои сомневање дека е заразен со ебола имал контакт со најмалку 26 Чеси

20231026 nauchnicite otkrile novi virusi kaj glodachite nekoi predizvikuvaat rak m.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американец за кого постои сомневање дека е заразен со ебола имал контакт со најмалку 26 лица за време на престој во чешка, потврди чешкото министерство за здравство.

Четириесетгодишниот маж пристигнал во Чешка на 6 мај, откако претходно престојувал во Демократската Република Конго и Руанда. Во петокот вечерта бил пренесен од болницата во Табор во специјализираната установа Булова во Прага, каде што е сместен во посебен биобокс.


– Мажот имал вкупно 26 контакти во Чешка, кои нашите хигиеничари успеаја да ги идентификуваат. Сите моментално се под надзор и во контакт со епидемиолози. Никој во Чешка не е во непосредна опасност, изјави за Novinky.cz Матјаш Фошум, директор на Одделот за заштита на јавното здравје.

Според достапните информации, неколку контакти се здравствени работници, и сите се сместени во карантин.

Одлуката за преместување на пациентот во Прага е донесена врз основа на неговите симптоми и анамнезата на патувањето. Фошум појасни дека мажот кратко престојувал во Табор и дека во петокот сам дошол во болница, по што бил хоспитализиран.

При транспортот во Прага бил активиран тим за биолошки закани, а транспортот бил спроведен под посебни безбедносни мерки.

МИА

Можете да прочитате

Зеленски: Конечно обезбедување на мир ќе зависи од партнерите на Киев

Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински  дронови, откажани 300 летови

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур