Утрински Весник
Свет

Американците уништиле повеќе од 80 дронови и проектили кои биле насочни кон Израел од Иран и Јемен

D06e2729 3e0c 4c38 92ce E6c88f637fcc.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американските сили, поддржани од разурнувачите на Европската команда на американската армија, уништија повеќе од 80 беспилотни летала и најмалку шест балистички проектили насочени кон Израел од Иран и Јемен во текот на викендот, соопшти американската Централна команда (ЦЕНТКОМ).

Во саботата вечерта Иран изврши напад на израелска територија со беспилотни летала и проектили како одмазда за израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Сирија на 1 април.

Нападот со повеќе од 300 проектили и беспилотни летала, од кои повеќето лансирани од Иран, предизвикал само скромна штета, се наведува, бидејќи повеќето од нив биле соборени од израелскиот систем за противвоздушна одбрана со помош на САД, Велика Британија, Франција и Јордан.

„ЦЕНТКОМ продолжува да ја поддржува одбраната на Израел од овие опасни дејства на Иран. Ќе продолжиме да работиме со сите наши регионални партнери за зајакнување на регионалната безбедност“, соопшти американската војска.

Можете да прочитате

Полицијата на Корзика уби маж кој се заканувал со нож

Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија

Либан: Првата фаза од разоружувањето на Хезболах завршува за „неколку дена“