Утрински Весник
Македонија

Џамбаски: Официјалните власти во Скопје прават „црни“ списоци за забрана за бугарските граѓани

Џамбаски: Официјалните власти во Скопје прават „црни“ списоци за забрана за бугарските граѓани

Се огласи бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски по изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски во врска со доаѓањето на бугарските политичари во земјава, кои се членови на мешовитиот парламентарен комитет меѓу Македонија и ЕУ.

dobivaj vesti na viber

„Официјалните власти во Скопје прават „црни“ списоци за забрана за бугарските граѓани и се фалат со тоа. Само античовечки режим на омраза може да примени вакви трикови во XXI век во Европа!

Во комунистичките режими имало „забранети луѓе“, очигледно навиките не се искоренети. Сега останува секој што ќе се осмели да ја каже вистината за бугарската историја и потекло, да биде испратен на Голи Оток и директно пречкртан. Тоа е лицето на оваа античовечка, антибугарска и антиевропска влада⁉️ Каде се овде твоите европски вредности? Како е ова право на слободно движење? Како ова не е антибугарска омраза? Каде е денеска позицијата на активистите за човекови права во Брисел и на националните предавници во парламентот?“ напиша Џамбаски на Фејсбук.

Џамбаски вчера не дојде во Скопје како дел од мешовитиот парламентарен комитет меѓу Македонија и ЕУ, чиј член е европратеникот Џамбаски.

Европратеникот е на таканаречената црна листа на граѓани Бугари на кои им е забранет влез во земјата поради навреди и омаловажувања кон македонскиот народ. Сепак, ова се однесува на приватни посети, но не и како дел на официјални делегации.

И европратеникот Андреј Ковачев не е добредојден во приватна посета.

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Силно невреме доаѓа во Македонија!

Манасиевски: Над 700.000 денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните

Стравична број на прекршоци на автопатот Скопје-Тетово: Камерите во тест фаза бележат илјадници прекршоци дневно