Утрински Весник
Македонија

Амбасадорот Мерис: Во текот на белгиското претседателство сакаме да постигнеме резултати во проширувањето

Img 8336

Белгискиот амбасадор во Северна Македонија, со седиште во Софија, Фредерик Мерис, вечерва на настан во Европска куќа, во организација на Европското движење, ги презентираше приориетите на белгиското претседателство со ЕУ, меѓу кои, како што посочи тој, посебен акцент ќе се стави и на проширувањето.

-Проширувањето на Унијата е исто така многу важна тема на агендата на белгиското претседателство. Белгија е убедена во стратешката важност на проширувањето.

Исто така е убедена дека тоа е процес заснован на заслуги, којшто бара и реформи.

Но исто така, во текот на нашето претседателство, сакаме да постигнеме некои резултати во однос на проширувањето, сакаме да имаме преговарачка рамка со Украина и Молдавија, како и меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија, како и отворање нови поглавја со Србија и со Црна Гора, посочи Мерис.

Амбасадорот го спомена и новиот План за раст за Западен Балкан, во којшто, посочи, треба да се финализираат сите финансиски прописи, кои треба да бидат воведени за да тој побрзо се имплементира.

-Потоа ќе работиме на постепена интеграција, а тоа значи, на кој начин секоја земја ќе учествува во процесите на Европската Унија, додека се подготвува да стане полноправна членка.

Интенцијата на Белгија за секоја земја, е да може да присуствува на Советот за општи работи што ќе се одржи во април, додека иницијативата на Комисијата е земјите-кандидати да се вклучат во Извештајот за владеењето на правото, а исто така да имаат улога во сите размислувања за иднината на Европа.

Ова е наша стратешка визија, и таа стратешка визија треба да се претвори во стратешка агенда, нагласи тој.

Мерис кажа дека белгиското претседавање се случува во комплексен геополитички контекст, во смисла на продолжената руска агресија врз Украина, ситуацијата во Газа, претходно пандемијата, време кога дезинформациите се многу моќни, енергетска криза, како и, нагласи, многу драматични климатски случувања.

Нагласи дека нивното претседавање ќе го искористат за да придонесат Европа да стане поотпорна, поконкурентна и поефикасна, посочувајќи дека пред европските избори на крајот на мај, ќе се обидат да донесат мноштво закони и одлуки.

Можете да прочитате

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа