Утрински Весник
Македонија

Амбасадорите со поголеми плати и подолг мандат, предлага МНР

Mnr.webp.webp

Министерството за надворешни работи предлага измените на Законот за надворешни работи, кој ќе се носи во редовна постапка, со вклученост на јавноста.

Министерот Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција рече дека со овие предлог-законски измени се создава законска основа за реализација на два важни приоритети на Министерството и Владата. Првиот приоритет е професионализацијата на дипломатската служба и подобрување на работењето и функционирањето на целокупниот државен систем вклучен во дипломатските процеси. Вториот приоритет е преземањето на надлежностите во делот на надворешната трговија и инвестициите.


Една од измените поврзани со дипломатијата е новото законско решение кое предвидува зголемување на процентот на именуваните амбасадори кои ќе бидат од редот на професионалните дипломати од Министерството.

„Наместо актуелниот процент од една третина, во иднина се предвидува зголемување на најмалку една половина од редот на професионалните кадри.

Дополнително, со предлог-измените на законот се предвидува мандатот на упатените дипломати во дипломатско-конзуларните претставништва да биде до четири години, наместо досегашните три години.

„Враќањето на четиригодишниот мандат е резултат на честата ротација и краткиот временски период за прилагодување во земјите на приемот, што предизвикуваше потешкотии во функционирањето и создавање на непотребни трошоци за министерството и државниот буџет“, нагласи Муцунски.

Новото законско решение предвидува минимална корекција на коефициентите за плата и трошоците за живот на дипломатите во странство поради зголемените трошоци во странство.

Со предложените измени претседателот на државата не ќе може да упати амбасадор во странство без да помине соодветната процедура во комисијата за надворешни работи во Собранието.

Можете да прочитате

Талески: Од 600 до 400 денари-историски лаги од ВМРО-ДПМНЕ за откупната цена на тутунот

По 33 години постоење, згасна ТВ ВИС од Струмица

Порталот ТРН.мк додели признанија за најдобрите иницијативи во 2024 година