Утрински Весник
Спорт

Аматерскиот бокс ги „врати“ Русите и Белорусите

Аматерскиот бокс ги „врати“ Русите и Белорусите
Dik 300x250 mk

Интернационалната боксерска асоцијација (ИБА) со гласање ја отстрани забраната на боксерите од Русија и Белорусија за натпреварување и тие ќе можаат да учествуваат на турнирите во аматерскиот бокс со своето знаме и химна, оценувајќи деа политиката и спортот не треба да се мешаат.

dobivaj vesti na viber

„Бордот на директори на ИБА одлучи да ја откаже претходната одлука и да дозволи боксерите од Русија и Белорусија да се натпреваруваат на настаните на ИБА, бидејќи политиката не треба да има влијание на спортот и сите спортисти треба да се еднакви. ИБА ќе остане политички неутрална и незвисна“, се вели во одлуката.

Оваа одлука доаѓа по реизборот на претседателот на ИБА, Русинот Умар Кремљов, кој е обвинет за корупција во организацијата поради што на боксот му се заканува исклучување од Олимписките игри.

Боксот речиси сигурно ќе биде исфрлен од Олимпијадата по 2024

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја