Утрински Весник
Спорт

Аматерски изведен пенал, му се смееја и навивачите на неговиот клуб

Аматерски изведен пенал, му се смееја и навивачите на неговиот клуб

Во 13. коло во бразилската Серија А се одигра дербито Атлетико Паранаенсе и Палмеирас. Мечот заврши без победник (2:2), а во центарот на вниманието беа двајца тинејџери.

dobivaj vesti na viber

Кај домаќините тоа е Витор Роке (18) кој договори трансфер во Барселона и Ендрик кај гостите, кој има договор со Реал Мадрид.

Реал за него веќе му плати на Палмеирас 35 милиони евра, додека останатите 25 милиони евра ќе ги даде кога Ендрик следното лето ќе се пресели во Мадрид, откако ќе стане полнолетен.

Младите суперѕвезди не разочараа. Во 22. минута Ендрик постигна убав удар со глава за гостите за 1:0, а од непосредна близина со глава погоди и Витор Роке во 73. минута за конечни 2:2.

Но, потегот на мечот го имаше Ендрик. Во 4. минута аматерски и очајно изведе пенал.

Голманот Лео Линк лесно го одбрани неговиот удар, па дури и навивачите на неговиот клуб му се смееја на Ендрик поради аматерски изведениот пенал.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност