Утрински Весник
Магазин

Амал Клуни – дама со беспрекорен стил

Амал Клуни – дама со беспрекорен стил

Амал Клуни го покажа своето класично чувство за стил за време на прошетка во Њујорк, набргу откако помина време со сопругот Џорџ Клуни на снимањето на неговиот најнов филм.

dobivaj vesti na viber

Amал е олицетворение на класа во обичен зимски ден.

Адвокатката за човекови права (45) на себе има елегантен фустан и модерно палто со ситни шари додека се движи низ преполните улици.

Претходно истиот ден го посети Џорџ на сетот на претстојниот трилер „Волци“ во Њујорк.

И минатиот петок, мајката на две деца исто така помина време со својот сопруг (61), во текот на куса пауза од снимање сцени од неговиот нов проект за „Епл ТВ плус“.

Актерот работи заедно со неговиот колега Бред Пит од јануари оваа година на снимањето на трилерот. Двајцата се и продуценти на претстојниот филм.

Можете да прочитате

Бесплатни проекции на регионални филмови на Зимското издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион

Како правилно да го чувате брашното за да остане свежо?

Влијанието на сексуалната активност врз телото и умот