Џулија Робертс, која долго време беше една од најплатените холивудските ѕвезди, ја доби наградата за икона на Музејот на Академијата за филмски уметности, на втората годишна гала што се одржа во Лос Анџелес во саботата.
Минатогодишната гала успеа да собере неверојатни 11 милиони долари за Музејот, според „Холивуд репортер“.
Амал и Џорџ Клуни се појавија на галата во знак на поддршка на нивната драга пријателка Робертс и ги засенија сите ѕвезди на настанот.
Џорџ, кој шестпати глумеше заедно со Робертс во текот на нивните славни кариери, и неговата елегантна сопруга Амал Клуни беа највпечатливи меѓу гостите на настанот.
Џорџ и Амал, кои минатиот месец ја прославија осмата годишнина од бракот, позираа за восхитените фотографи, кои не можеа да се наситат од прекрасната двојка.
Амал, 44-годишна адвокатка за меѓународно право и човекови права, е слика на елеганција во двобоен фустан во свежа лимета-боја, креација на Del Core, а Џорџ избра класичен црн костум.
Имајќи предвид дека Џорџ и Џулија заедно глумеа во шест филма од 2001 година наваму, сосема е логично што Клуниеви дојдоа лично да гледаат како Робертс ја прима наградата, коментираат таблоидите, кои главно се задржаа на гламурозниот изглед на парот.
Славната двојка со насмевка позира пред камерите