
Поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвеш ги договори сите детали за купување на португалскиот третолигаш Сао Жоао де Вер, јави денеска ЕСПН.
Според истиот извор, Алвеш, воедно, ја разгледува можноста да потпише шестмесечен договор и да настапува за португалскиот нисколигаш.
За клубот во моментов настапуваат тројца бразилски фудбалери.
Алвеш последен пат се најде на теренот во јануари 2023 година, кога беше уапсен во Барселона откако жена го обвини за сексуален напад. Тој беше во затвор од 20 јануари 2023 година до март 2024 година, кога беше ослободен откако плати кауција од еден милион евра додека чекаше одлука по неговата жалба.



