Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Алтун: Терористите мислат дека можат да ја заплашат нацијата и владата со нападите, но нема да успеат

Алтун: Терористите мислат дека можат да ја заплашат нацијата и владата со нападите, но нема да успеат
Img 7972

Терористичките напади врз турските цивили се директни и индиректни последици од поддршката на некои земји на терористичките групи, изјави утринава шефот на Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на претседателот на Турција, Фахретин Алтун, повикувајќи ја меѓународната заедница да обрне внимание, јавува агенцијата Анадолија.

dobivaj vesti na viber

„Мора веднаш да престанат со директната и индиректната поддршка доколку сакаат пријателство со Турција“, напиша Алтун на Твитер, еден ден по смртоносната експлозија на улицата Истиклал во Истанбул, во која најамлаку загинаа шест лица, а 81 беа повредени.

Алтун вели дека „терористите мислат дека можат да ја заплашат нацијата и владата со овие напади, но нема да успеат“.

Тој додадвадека турската влада, под водство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, „никогаш не бегала од прогон и казнување на терористите“ каде и да се тие.

Лицето кое ја остави бомбата што предизвика експлозија во неделата на улицата Истиклал во Истанбул е уапсено, изјави рано утринава турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

„Нашата проценка е дека наредбата за смртоносниот терористички напад дојде од Ајн ал Араб во северна Сирија, каде што ПКК/ЈПГ има сириски штаб“, додаде Шојлу.

Светските лидери го осудија нападот и испратија сочувство до Турција.

Можете да прочитате

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови