Тренерот на лидерот во германскиот фудбалски шампионат Баер Леверкузен, шпанскиот стратег Чаби Алонсо ги започнал преговорите со литиот ривал на „фармацевтите“ трофејниот Баерн Минхен, пренесува „Скај Спортс“. Според „Билд“ преговорите не се почнати, додека пак раководството на Баерн останува на ставот дека тоа ќе го прави по завршување на сезоната. Алонсо моментално е најбараниот тренер на трансфер пазарот. Медиумите долго време шпекулираат дека на крајот од сезоната ќе го превземе Баерн или Ливерпул, а како што сега стојат работите тој е многу поблиску до останување во Германија отколку до преселба во Англија. Тој наводно ќе добие меѓу 15 и 25 милиони евра за договорот, во зависност од тоа колку трофеи ќе освои. Леверкузен моментално има 10 бода повеќе од Баерн на табелата во Бундеслигата на 10 кола до крајот, а Алонсо има шанса да стави крај на 11. годишната доминација на тимот од Минхен и воедно да му ја донесе првата титула на Леверкузен, со што неговото име би било запишано со златни букви во клупската историја.