Утрински Весник
Спорт

Алонсо: Ќе излажам ако кажам дека очекувам победа

Алонсо: Ќе излажам ако кажам дека очекувам победа

Фернандо Алонсо, двократниот шампион во Формула 1, се подготвува за првата сезона во тимот на Астон Мартин.
Шпанецот кој има 41 година, досега во кариерата има остварено 32 победи. Според него, 33. нема да дојде годинава.

dobivaj vesti na viber

„Немаше да се тркам ако не бев оптимист, но оваа година тешко дека ќе успееме да забележиме победа. Би се лажел себеси и другите ако мислев поинаку. Стојам со двете нозе на земја. Мислам дека имаме добар болид, но потребно е време да се навикнеме на него. Ќе биде тешко на почетокот и подобри резултати очекувам дури во втората половина од годината“, изјави ветеранот од Шпанија.

Ниту еден возач во историјата не победил по 300. старт во најбрзиот циркус. Алонсо, во кариерата статртувал во 355 трки.

„Знам само дека сигурно нема да бидам на 100 отсто ниту во Бахреин, ниту во Џеда, а веројатно ниту во Австралија“, рече Алонсо.

Новата сезона во Формула 1 започнува на 5. март во Бахреин.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина