Утрински Весник
Спорт

Алмерија покрај грабежот во Мадрид обвинува и за закани !

Screenshot 7 7 850x491 1

Натпреварот од шпанската фудбалска Ла Лига меѓу второпласираниот Реал Мадрид и последнопласираната Алмерија не се симнува од спортските медиуми. Фаворизираните „кралеви“ иако имаа негатива (0:2) на крајот направија резултаски пресврт и победија 3:2, но начинот на кој стигнаа до планираните бодови ги разгневи љубителите на фудбалот.

Алмерија која се уште по одиграно 21. коло нема победа тоа задоволство на гостувањето во Мадрид им го скусија судиите. Цела Шпанија освен навивачите на Реал смета дека андалузискиот тим ограбен. На овој натпревар видовме три ВАР одлуки и сите во корист на Реал Мадрид, а не беше санкциониран и Винисиус кој со лакот нокаутираше противнички играч ! Се огласи фудбалерот на АлмеријаГонсало Молеро кој дополнително ја изненади јавноста со тврдењето дека имале закани да не протестираат. -Од овој натпревар си заминуваме со чувство дека победата ни беше украдена. Не ограбија, па и ни се закануваа дека не смееме да зборуваме и протестираме за судењето. Нема начин на кој би го прифатиле ова што се случуваше, надминати беа сите граници. Најлошо е што фудбалерите на Реал Мадрид мислат дека завршиле голема работа и слават, изјави Молеро.

 

Можете да прочитате

Мурињо ги отфрли гласините за Роналдо во Фенербахче

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП