Утрински Весник
Спорт

Алкараз влезе во тениската историја по триумфот на Ролан Гарос

D0b0d0bbd0bad0b0d180d0b0d0b7 D0b3d0be D0bfd180d0b5d181d0bbd183d188d0b0 D0b8 D185d0b0d187d0b0d0bdd0bed0b2 D0b7d0b0 D0bfd180d0b2d0be D187 63d5a063f417c.jpeg

Шпанецот Карлос Алкараз ја освои титулата на Отвореното првенство на Франција за мажи за прв пат во својата кариера. Тој во финалето во Париз го победи Германецот Александар Зверев со 6:3, 2:6, 5:7, 6:1, 6:2 по 4 часа и 20 минути игра.

На тој начин, 21-годишниот Шпанец задржа совршен биланс во финалињата на Гренд слем – три победи во три меча – и стана најмладиот тенисер кој освоил титула на секоја од трите површини. Алкараз го освои својот прв пехар на тврда подлога во 2022 година на УС Опен, во 2023 година стана шампион на трева на Вимблдон, а сега е прв на црвените терени на Ролан Гарос.

Тоа беше втор пораз за олимпискиот шампион Зверев во финале на Гренд слем, откако беше поразен во финалето на УС Опен од Доминик Тием во 2020 година.

Можете да прочитате

Навивач скокна од трибините кон Роналдо, нов безбедносен пропуст во Германија

За прв пат во кариерата Роналдо не постигна гол во групната фаза на некој голем турнир

Формирани двојките за осминафиналето на Евро 2024