Утрински Весник
Спорт

Алкараз и Швјонтек први носители на Вимблдон

Алкараз и Швјонтек први носители на Вимблдон
Dik 300x250 mk

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, кој е светски рекет број еден во моментoт, ќе биде прв носител на годинашното издание на Вимблдон, објавија организаторите на гранслем турнирот.

dobivaj vesti na viber

Седумкратниот освојувач Новак Ѓоковиќ и рекордер по бројот на освоени гранслем трофеи, ќе биде втор носител, а потоа следуваат Русинот Данил Медведев, Норвежанец Каспер Руд и Гркот Стефанос Циципас.

Во првата „десетка“ се и Данецот Холгер Руне, Русинот Андреј Рубљов, Италијанецот Јаник Синер, како и Американците Тејлор Фриц и Френсис Тијафо.

Кај дамите, Ига Швјонтек од Полска е прва носителка, втора е Арина Сабаленка од Белорусија, а трета е Елена Рибакина, која настапува под знамето на Казахстан.

 

Можете да прочитате

Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино

Вардар се врати на првото место на табелата

Ѓоковиќ ја освои 101та титула