Утрински Весник
Спорт

Алкараз го откажа настапот во Монте Карло

Алкараз го откажа настапот во Монте Карло
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го откажа учеството на Мастерс турнирот во Монте Карло. Претходно настапот на овој турнир го откажа и славниот сонародник на Алкараз, Рафаел Надал.

dobivaj vesti na viber

Алкараз во кариерата само лани играше во Монако, кога во второто коло беше елиминиран од Себастијан Корда.

„После два месеци во странство, среќен сум што се враќам дома, но тажен што последниот меч во Мајами го завршив со болки. По посетата на лекарот во Мурсија и прегледите, нема да можам да одам во Монте Карло и да ја започнам турнејата на земјена подлога“, најави Алкараз.

Карлитос додаде дека има проблеми со левата рака и рбетот и дека му е потребен одмор.

Алкараз имаше многу проблеми со повредите на крајот на минатата и на почетокот на оваа година, кога го пропушти и Австралија опен.

Успеа да ги освои Буенос Аирес и Индијан Велс, загуби во финалето на Рио де Жанеиро, но и во полуфиналето на Мајами, од Јаник Синер.

Во понеделникот падна од првото место на АТП листата, а следен турнир треба да му биде Барселона. Таму, како и на Мастерсот во Мадрид, ја брани титулата.

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место