Утрински Весник
Спорт

Алкараз го „демолираше“ Медведев за големо финале против Ѓоковиќ

Алкараз го „демолираше“ Медведев за големо финале против Ѓоковиќ

Карлос Алкараз ќе оди на своја втора гренд слем титула, откако во полуфиналето на Вимблдон со 6:3/6:3/6:3 за помалку од два часа го декласираше светскиот рекет број 3, Русинот Данил Медведев.

dobivaj vesti na viber

Награда за фантастичниот 20-годишен Шпанец ќе биде големо финале против Новак Ѓоковиќ, кој претходно го совлада Јаник Синер во бурни три сета, каде што Шпанецот ќе се обиде да се одмазди за тешкиот пораз во полуфиналето на Ролан Гарос.

Во првиот сет, Алкараз направи еден клучен брејк на 5:3, за во вториот со два брејка да го угуши отпорот на Русинот, по што и во третиот сет стигна рано до 2:0 водство. Медведев, конечно, покажа знаци на живот за да врати брејк за 3:2, за потоа двајцата тенисери повторно да загубат по еден брејк, пред Алкараз да го комплетира триумфот.

Можете да прочитате

Мурињо го коментираше поразот од Порто

Роналдо бил најплатениот спортист во 2025 година

УЕФА и Британските федерации ја отфрлаат реформата на правилото за офсајд