Утрински Весник
Македонија

Алиу: За да бидат ефективни, реформите во стручното образование мора да се креираат заедно со бизнис заедницата

Алиу: За да бидат ефективни, реформите во стручното образование мора да се креираат заедно со бизнис заедницата

Стручното образование во последниве неколку години бележи сериозни реформи во кои се вклучени Министерството за образование и наука, локалните власти и компаниите. Токму соработката помеѓу овие три системи и нивната кохезија, како и визијата за развој на стручното образование, придонесе за зголемување на бројот на дуалните паралелки во средните стручни училишта, а со тоа и зголемување на бројот на ученици.

dobivaj vesti na viber

Ова го истакна заменик-министерот за образование и наука Лулзим Алиу на Регионалната конференција на земјите од Западен Балкан, под покровителство на ОЕАД и австрискиот парламент, на тема: Јавно-приватното партнерство за развој на меки вештини и изнаоѓање  атрактивен начин за практичното учење која се одржа во Виена.

– Мора да се согласиме дека реформите на стручното образование се неприменливи, доколку во истите не се вклучени и компаниите како најзасегнати и примарни корисници на услугите кои ги нудат стручните училишта. Во учебната 2021/22 година во сите средни стручни училишта во Северна Македонија, имавме 97 дуални паралелки и 1400 ученици во истите. Оваа година имаме над 200 дуални паралелки и 2700 ученици. Минатата учебна година имаше 250 вклучени компании, а годинава има над 400, додаде Алиу, напоменувајќи дека расте интересот за стручно образование кај младите, но и интересот на компаниите да се вклучат во образовниот процес.

И двете страни, рече заменик-министерот, имаа корист од овој проект, односно учениците добиваат практична настава и знаења директно кај компаниите, а потенцијалниот работодавец обезбедува едуциран и стручен кадар кој е подготвен веднаш по завршување на образованието да се вклучи во производствениот процес.

– За создавање  подготвени кадри, како Министерство делуваме преку три аспекти, односно унапредување на инфраструктурата, набавка на нови наставни програми и учебници и подигнување на мотивацијата за работа на наставниот кадар. Исто така во соработка со ЕУ и фондовите кои им се на располагање на земјите, отворени се и три регионални центри за СОО, истакна Алиу, додавајќи дека Министерството за образование и наука на учениците запишани во стручните училишта им доделува и стипендии, како дополнителен мотив за нивното стручно усовршување.

Воведовме, потенцираше Алиу, и стипендии за учениците од дефицитарните струки и од дуалното образование, што исто така помогна во подигнување на мотивацијата за упис во средните стручни училишта, како еден вид мотивација, но и поддршка на воспитно-образовниот процес на младите.

Според заменик-министерот за образование и наука, инвестирањето во младите и подигнувањето на интересот за стручното образование е инвестиција од која корист имаат и учениците и компаниите, но и државата.

На конференцијата, покрај заменик-министерот за образование и наука учествуваа и претставници од МОН, пратеници – членови на Комисијата за образование при собранието на РСМ, претставници на Центарот за стручно образование и обука, како и претставници на институциите кои се занимаваат со средно стручно образование од Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско