Утрински Весник
Македонија

Алиу: Седумгодишното девојче кое почина во Клиничката болница во Тетово претходно се лекувало во приватна здравствена установа

Klinicki bolnici vo tetovo.jpg

Седумгодишното девојче кое почина во Клиничката болница во Тетово, претходно еден ден било третирано во приватна здравствена установа. Ова вечерва го истакна министерот за здравство Азиу Алиу.

-Ние баравме од Државниот санитарен инспекторат да оди таму, и веќе имаме резултати оттаму, наодот ни е доставен официјално. Утре ќе имаме наша експертска група што ќе ги види од клиничка гледна точка ќе го анализира целиот процес, рече Алиу во вечерашната Топ Тема.


Алиу појасни дека според патоказот за лекување, седумгодишното девојче се лекувало во рамките на прописите, но сепак се потребни уште проверки. Посочи дека дополнително се уште се чекаат резултатите и од обдукцијата.

-Според тоа што го читав остава простор за понатамошно следење на процесот. Се уште е рано да се излезе со детали за случајот без притоа, клинички со наша група на експерти да се анализира уште еднаш, додаде Алиу.

Можете да прочитате

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“

Владата бара ЗНМ прво да се консултира пред изнесува јавни квалификации