Утрински Весник
Македонија

Алиу: Се реорганизираат специјализациите, ќе има кадар за секундарното здравство

Aliu minister za zdravstvo.jpg
Dik 300x250 mk

Процесот на реорганизација на специјализациите според стручњаците ќе придонесе за две работи и тоа прво ќе има општа специјализација, четири или пет години зависи од работната група како ќе одлучи, ќе имаме кадар кој ќе работи во секундарното здравство и ќе може да нуди услуги и второ субспецијализациите ќе бидат реорганизирани според потребите на терциерното здравство, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу.

Тренд во светот, посочи тој, е организирање на здравствениот систем врз основа на барања и инфраструктура.


– За жал кај нас во тој период најверојатно е направен „копи пејст“ од ЕУ директивите за специјализации, а нормално после 15 години да се ревидираат уште еднаш и во моментов тоа го правиме и за месец дена ќе излеземе во јавноста со нов пристап кон специјализациите и курикулумот во нашиот здравствен систем, додаде Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Клиниката за неврологија и нејзината амбуланта каде на граѓаните денеска им се врши бесплатен доплер на каротидни артерии во рамки на отворениот ден на Клиниката, а по повод 29 октомври, Светски ден на мозочниот удар.

Можете да прочитате

Вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје повторно протестираа

Николоски: Од денеска за Мадрид се лета од Скопје, до сега воведовме вкупно 21 авиолинија, бележиме силен раст на патници на двата аеродроми

Почна „Енерго-Технома 2025“ – на едно место ги спојува знаењето и технологијата за одржлива иднина