Утрински Весник
Македонија

Алиу: Најмалку шест производители на медицинска марихуана ќе ги изгубат лиценците

Aliu.webp.webp

Од досега процесуирани десет компании што имаат лиценци за одгледување на медицинска марихуана, шест се во постапка за одземање, изјави министерот за здравство Азир Алиу за ТВ Телма.

– Од досега процесираните компании, од десет најмалку шест, сега се во постапка на одземање на лиценците, затоа што не ги исполнуваат условите за лиценцирање предвидени во законот – изјави Алиу.


Тој рече дека не може да даде повеќе детали кои ја довеле до заклучок стручната комисија на Министерството да покрене постапка за одземање на лиценците, затоа што постапката сѐ уште е во тек.

На прашање дали може да ги соопшти имињата на тие компании, министерот Алиу рече дека не сака тоа да го направи во оваа рана фаза, и дека процесот ќе заврши во вторник кога ќе бидат соопштени причините и имињата на компаниите за кои Комисијата на министерството за здравство утврдила дека не ги исполнуваат условите.

Алиу нагласи дека дека ќе се менуваат правилниците за регулирање на оваа дејност.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Албанците не се алатка. Албанците се закон

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

Мицкоски: Бугарија нема да го смени ставот без силна реакција од ЕУ