
Во рамки на 11. Турски медицински конгрес кој се одржува во Анкара, министерот за здравство, Азир Алиу оствари средба со министерот за здравство на Република Турција, Кемал Мемишоглу.
-Имаме многу заеднички предизвици во здравството, од потребата за јакнење на човечките ресурси и модерна инфраструктура, до дигитализација што ќе ја направи грижата побрза, поефикасна и поправична за секој граѓанин. Убеден сум дека преку размена на експертиза и партнерства меѓу нашите институции можеме заеднички да градиме политики кои директно ќе значат подобар пристап и покавалитетни здравствени услуги за нашите граѓани, рече на средбата министерот Алиу.
Република Турција беше една од земјите кои ја пружија својата поддршка за хоспитализација и третман на повредените лица од пожарот во Кочани, потсетува Министерството за здравство.
Министерот за здравство на Република Турција, Кемал Мемишоглу изрази задоволство од добрата соработка меѓу двете пријателски земји, притоа нагласувајќи дека постојат уште многу можности за интензивирање на оваа соработка во повеќе здравствени сегменти.


