Утрински Весник
Македонија

Алиу: Лекарската комора ме извести дека е истечена лиценцата на доктор Кузмановски

Aliu minister.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во телефонскиот разговор со Лекарската комора известен сум дека му е истечена лиценцата на доктор Игор Кузмановски. Прашањето е дали таа ќе се продолжи, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу.

Кузмановски на 10 октомври е разрешен од функцијата од страна на министерот за здравство по објавувањето на компромитирачкото видео на социјалните мрежи.


– За продолжувањето и издавањето на лиценци е надлежна Лекарската комора. Ќе чекаме од нив информација. Бараме детален извештај за неговата работата кој ќе биде проверен од МојТермин со Клиниката заедно со директорот, ќе биде проверено до кое ниво, каков тип пациенти има прегледано, кој тип здравствени услуги давал. Баравме и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да пристапат и веројатно се веќе таму. Размислуваме да направиме нов модул кој ќе биде поврзан со лиценците и во моментот кога истекува лиценцата да се блокира акаунтот на тој доктор. Тоа произлезе од оваа ситуација – рече Алиу на денешната прес-конференција и додаде дека по извештајот ќе се формира стручна комисија.

Одговарајќи на новинарско прашање дали и на други директори на клиники им е истечена лиценца, Алиу рече дека таа матрица на податоци е јавна и нивниот центар за процесирање податоци во текот на денот ќе му даде извештај за тоа колку лиценци се при крај и колку се истечени.

Можете да прочитате

Од Католички Божиќ и за нова година надоаѓање на вистинската зима

Презентација на наоди од истражување на инциденти на насилство врз млади жени и девојки

Македонија со 2 автобуса на 1000 жители над европскиот просек од 1,6