Утрински Весник
Економија

Алити го презентираше буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација

Алити го презентираше буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација

Министерот Адмирим Алити на денешната прес-конференција соопшти дека вкупниот Буџет на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за 2023 година изнесува 1.580.029.000 денари. Средствата се наменети за трите буџетските столба кои се во надлежност на МИОА, односно дигитализацијата, администрацијата и медиумите.

dobivaj vesti na viber

Во првиот столб, опфатени се средствата планирани за плати и одржување на институцијата, планирајќи да се заштеди во наредната година, и од 426,829,000 денари, како што рече министерот, 300.000.000 денари се издвојуваат за субвенции за Националната Радио Телевизија.

,,Еден значаен дел од средствата се планирани за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, Националната Радиодифузија и Националната Радио Телевизија, предлог од 900.000.000 денари. Овие средства освен што ќе ги ослободат граѓаните од плаќање на понудените услуги за аудио визуелни медиумски услуги, ќе понудат и можност за понезависна работа на овие институции.

Во однос на дигитализацијата, која е во тесна корелација со реформите во администрацијата, од двата државни столба предложени и планирани се вкупно 239,405,000 денари, за континуитет на проектите во кои меѓу другото се опфатени софтверски и хардверски елементи и лиценци, дигитализацијата на услугите на институциите за порталот и тој на DMS( Електронски систем за управување со документи).

,,Последново е многу важно за брза и електронска комуникација на институциите, со што се елиминира бирократијата и корупцијата и се овозможува поефикасна работа на институциите. Не сме ја заборавиле ни софтверската и хардверската поддршка за Централниот регистар на население како и продолжувањето на поддршката за проектите на ИКТ преку обезбедување на потребните лиценци. Исто така, планирани се средства за договорите поврзани со дигитализацијата кои произлегуваат од иницијативата „Оpen Balkan“, а врз основа на безбедноста на системите на МИОА, планираме и проширување на инфраструктурата и лиценците за централно решение „Backup“. Планираме исто така да се централизира во нашата институција обезбедувањето на лиценците „Oracle“ за 11 институции кои ги користат истите, и преку тоа ќе се овозможува сериозно штедење на државниот буџет во овој кризен период“, рече министерот Алити.

Друг дел од буџетските столбови се и средствата планирани за МАРнет, и што опфаќаат 13,795.000 денари. Во планираните средства, рече министерот, е и продолжување на учеството во Регионалната школа за јавна администрација (RеSPA), како и учество во програмата Дигитална Европа преку MИОА, за дигитална трансформација со што посочи министерот, нашата држава ќе забележи сериозни чекори во областа на дигитализацијата.

Можете да прочитате

Наскоро сите домашни производи ќе се означени со „Македонско најдобро”

СДСМ: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за таа да се луксузира

Кочоска: За време на 7-годишно владеење на СДС просечниот раст на БДП беше 1,6%, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година успеа растот на БДП да го донесе на над 3%