Утрински Весник
Спорт

Алиоски: Овде го остваривме сонот за ЕП, утре сакаме нова победа

Алиоски: Овде го остваривме сонот за ЕП, утре сакаме нова победа
Dik 300x250 mk

ТОПСПОРТ во Тбилиси,
Никола Ѓуровски

dobivaj vesti na viber

Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) ќе и се спротистави на Грузија во Тбилиси во претпоследниот меч од годинашното издание во Лигата на нации. Тбилиси буди убави спомени, тука изборивме пласман за ЕП, но не смееме да го заборавиме и поразот од Грузија (0:3) во Скопје во оваа Лига на нации.

„Овде ние го остваривме сонот, го знаеме многу добро овој стадион. Но, тоа е сега минато. Сега е ова поинаков меч, а ние имаме поинаков тим. Сега јас сум еден од поискусните, но мора да кажам дека сите млади имаат одлична шанса да се докажат. И верувам дека не им е потребна мотивација од нас повозрасните. Ние сакаме да ја оствариме својата цел и веруваме дека можеме да стигнеме до победа“, изјави Езгјан Алиоски.

Селекторот Благоја Милевски е фокусиран на нашиот тим, а имаше одговор и за Грузијците. Тој не смета дека нивниот најдобар играч Квича Кварацкелија може сам да го реши утрешниот меч.

„Секогаш се концентрирам на нашиот тим. Во ред, Кварацкелија е одличен играч, во добра форма е, но знам дека не може сам да го реши натпреварот. Фудбалот е колективна игра, а јас секогаш верувам во мојот тим. Сега посебно, иако имаме проблеми со повредите, па моравме и принудно да освежиме и да подмладиме. Очекувам наше добро издание и позитивен исход“, изјави селекторот на Македонија, Благоја Милевски.

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето