Утрински Весник
Свет

Алил Демири уапсен за убиствата кај Смилковското е на слобода, тврдат косовските медиуми

Алил Демири уапсен за убиствата кај Смилковско е на слобода, тврдат косовските медиуми

Алил Демири, кој вчера беше уапсен од косовската полиција по меѓународна потерница за убиствата кај Смилковското Езеро, е ослободен.

dobivaj vesti na viber

Веста ја потврдил неговиот адвокат Бесник Бериша, пренесуваат локални медиуми.

„По приложените докази од одбраната и појасните аргументи дадени на рочиштето на кое беше адресирано барањето на Обвинителството за определување мерка притвор, обвинителот што го застапуваше предлогот се повлече од барањето. Алил Демири сега е на слобода“, изјавил неговиот адвокат Бесник Бериша.

Адвокатот Бериша ѝ вчера кажал дека притворот и апсењето на Демири е извршено незаконски и претставува флагрантно кршење на неговите законски и уставни права.

Бериша синоќа изјавил дека Демири не може да биде екстрадиран во Република Северна Македонија бидејќи барањето на македонските власти е одлучено и одбиено од косовскиот суд во двата случаја.

„Алил Демири е незаконски уапсен и задржан во притвор, врз основа на наредба на интерпол за предмет што веќе го води нашиот суд. Барањето на властите во Македонија за негова екстрадиција е веќе одбиено од косовскиот суд во двата случаја.

Не може да биде екстрадиран во Северна Македонија и убеден сум дека утре ќе се врати кај семејството и пријателите“, рекол Бериша, пренесуваат косовските медиуми.

„Неговото апсење и приведување било погрешно и претставува незаконско дело. Тој треба да биде ослободен бидејќи секоја минута помината во притвор претставува флагрантно кршење на законските и уставните права на Алил Демир“, изјавил адвокатот Бериша.

„Тој е и останува невин за криминалот конструиран и извршен од тајните служби, а за кој зборуваше и самиот поранешен премиер на Северна Македонија“, заклучил Бериша.

Инаку, случајот „Монструм“ е познат во јавноста и е поврзан со петкратното убиство кај Смилковското Езеро во април 2012 година, а за ова дело некои од шестмината обвинети се осудени на доживотен затвор, а други на максимална казна.

Ден претходно беше објавено дека полицијата на Косово, во соработка со македонската полиција, во Косово го лишила од слобода 38-годишниот Алил Демири.

Можете да прочитате

Рекорден број антисемитски инциденти во Велика Британија во оваа година

Белата куќа не била информирана за украинскиот напад во Курската област

Карл Нехамер за откажаните концерти на Тејлор Свифт: Избегната е трагедија