Утрински Весник
Свет

Алигатор влечеше безживотно тело на маж низ улиците на Флорида

Алигатор влечеше безживотно тело на маж низ улиците на Флорида
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Огромен алигатор е фатен како носи безживотно тело на маж во Флорида во петокот.

dobivaj vesti na viber

Сведоците прво го забележале алигаторот како ја носи својата жртва во вилиците по улица во Ларго, мала заедница во близина на Клирвотер, Флорида.

„Имаше тело во устата, затоа почнав да снимам“, изјави сведокот Џамаркус Булард.

Булард, кој бил на пат на интервју за работа, веднаш ги известил пожарникарите, кои биле во близина на ужасната сцена.

Службите за итни случаи брзо стигнале до алигаторот и го застрелале неколку пати, додал сведокот, пренесува „Њујорк пост“.

Грозоморните фотографии од местото на настанот покажуваат како полицајци стојат покрај крвавиот алигатор долг неколку метри.

Оваа област е во близина на популарниот парк Риџкрест, кој има и езерце со алигатори.

Познато е дека алигаторите талкаат низ соседството, рече жителот Џенифер Дин, но оној од вчера бил еден од најголемите што некогаш ги сретнала.

Можете да прочитате

Жители на украински села биле киднапирани и присилно однесени во Русија

Саудиска Арабија го проширува пристапот до алкохол за странски резиденти

Кремљ: Европските и украинските измени не ги зголемуваат шансите за мир во Украина