Утрински Весник
Македонија

Алијанса за Албанците за дијалогот Косово-Србија: Решенијата засновани на шовинистичките барања на Белград опасен преседан за регионалната стабилност

Алијанса за Албанците за дијалогот Косово-Србија: Решенијата засновани на шовинистичките барања на Белград  опасен преседан за регионалната стабилност
Dik 300x250 mk

Алијанса за Албанците како што соопштуваат од таму „безрезервно ги поддржува условите кои јавно ги изнесе премиерот на Република Косово, Албин Курти, во рамките на дијалогот Косово-Србија со посредство на Европската Унија и поддржан од САД“.

dobivaj vesti na viber

Оценуваме, додаваат од партијата, дека здружувањето на општините со српско мнозинство не може да биде моноетничко и дека мора да биде во целосна согласност со правно-уставниот поредок на Република Косово и со одлуката на Уставниот суд од 23 декември 2015 година.

„Малцинствата во Република Косово уживаат загарантирани права според највисоките европски стандарди, со пософистицирани механизми за заштита од која било друга земја во регионот. Секое решение кое би се засновало на шовинистичките барања на Белград би создало опасен преседан за регионалната стабилност зголемувајќи ги апетитите на различните националистички кругови, во кревко време за Западен Балкан, кога целиот политички капитал на повеќето земји во регионот е фокусиран на исклучување од Русија и заживување на проширувањето на ЕУ“, се подвлекува во соопштението од оваа партија.

Бараме, додаваат од Алијанса за Албанците, зголемување на мобилизацијата од меѓународните партнери за постигнување правно обврзувачки договор, со взаемно признавање во центарот и според роковите од европскиот план за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Можете да прочитате

Шлепери почнаа да се паркираат на тротоарите во Чаир

Хаос кај кулите Џевахир: Пијан возач со голема брзина удри во контејнери и автомобили!

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат