Утрински Весник
Македонија

Али Ахмети се сретнал со албанскиот претседател

Ali Ahmeti.jpg
Dik 300x250 mk

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска се сретнал со албанскиот претседател Бегај. Информацијата на социјалните мрежи ја сподели лидерот на ДУИ. Во објавата напомена дека разговарале за продлабочување на односите меѓу двете држави но и за евринтеграцијата на регионот.

„Денес во Охрид имав задоволство да се сретнам со претседателот на Република Албанија, г-дин Багај.
Посветено разговаравме за зајакнување на односите меѓу Северна Македонија и Албанија и за важноста од продлабочување на регионалната соработка со цел стабилност, развој и целосна интеграција на нашиот регион во Европската Унија.


Соработката меѓу нашите земји е клучна за градење мостови на разбирање, зајакнување на стратешките партнерства и давање на регионот јасна европска насока.

Нашата заедничка посветеност кон европската иднина не е само политичка цел, туку и заедничка визија за одржлив мир, економски развој и перспектива за нашите граѓани“, напиша Ахмети на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Потврден притворот за Рустеми и Саити – обвинети за загрозување на животната средина со отпад

Филипче: Ја слушаме јавноста и ќе ги направиме неопходните кадровски промени во СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уште го игра бугарското сценарио