Утрински Весник
Македонија

Али Ахмети откри споменик на Скендербег во Горане кичевско

589097349 1383898256437626 150900857076239971 n.jpg

Во кичевското село Горане, лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, вчера на Денот на албанското знаме, откри споменик на Скендербег.

На својот Фејсбук-профил, Ахмети истакна дека споменикот е вечен симбол на слободата, отпорот и националната гордост.

„Овој значаен момент доаѓа токму на денот кога нашите срца чукаат посилно за црвено и црно, потсетувајќи не на патот на жртвување што не донесе до тука“, напиша Ахмети.

Можете да прочитате

СДСМ: Медиумски октопод Алфа – Алта против СДСМ

Патиштата се проодни – но надлежните будно ја следат ситуацијата

Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење