Утрински Весник
Македонија

Али Ахмети да престане да ги злоупотребува Албанците за лично богатење, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Али Ахмети да престане да ги злоупотребува Албанците за лично богатење, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Али Ахмети да престане да ги злоупотребува Албанците за лично богатење, додека тие во очај заминуваат во странство, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на ДУИ.

dobivaj vesti na viber

„Али Ахмети е власт во Македонија повеќе од 20 години, канализација во Арачиново нема заради него. Канализација нема затоа што Ахмети ја краде иднината на народот, а пред се на Албанците кои ги лаже и злоупотребува додека неговото семејство се богати.

Следен пат кога Ахмети ќе посака да ги манипулира Албанците дека е голем лидер, нека излезе на автобуска кога си заминуваат младите на пат за Германија, Швајцарија и Италија и нека им го каже рецептот како неговиот внук Дрин ја купи Соравија без вложен денар. Сигурно и помеѓу нив има некој кој сака да го направи истото и да остане во Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Али Ахмети е само обичен манипулатор, кој е демаскиран пред целата јавност. На ДУИ не му се важни, ниту Албанците, ниту Македонците, најмалку ЕУ иднината и западните вредности, видовме колку Али Ахмети и ДУИ се потресоа што Мерко е на црна листа на САД.

ДУИ ниту САД, ниту ЕУ им се важни додека криминалот им тече. И Али Ахмети и ДУИ треба да знаат дека доаѓа време кога ќе треба да одговараат“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?