Утрински Весник
Македонија

Али Ахмети: Албанците се за унитарна, заедничка и еднаква Македонија

Ali Ahmeti.jpg

„Соочен повторно со кампањи за оцрнување и намерно и тенденциозно негативно претставување пред Македонецот, решив да се обратам директно, искрено и да подадам рака до македонскиот народ, за заедништво, во одбрана на македонскиот и албанскиот јазик, во одбрана на идентитетот, на нашите посебности, еден за друг, заедно за Европска Македонија“, порачува лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во колумна за „360 степени“ во пресрет на годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

По повод 24-годишнината на Охридскиот мировен договор со кој почнавме заеднички да ја градиме унитарна и еднаква Македонија, решив да им се обратам на моите сограѓани Македонци, на македонски јазик.


Во средношколските години барав права за мојот народ и бев прогонет, бев принуден да го напуштам моето родно место и над 20 години да работам во туѓина.

Мене и на моите сонародници ни се спореа јазикот, знамето, правото на еднаквост, правото на постоење со логиката „Македонија на Македонците”.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајаз, Кичевско.

Наспроти сите напади, сета пропаганда во минатите 24 години со којашто бевте соочени, сакам да упатам јасна и недвосмислена изјава дека јас и Албанците, вчера, денес и утре се залагаме за унитарна, заедничка и еднаква Македонија, ниту повторно моја ниту повторно твоја, туку секогаш наша Македонија.

Наспроти тоа што ова го знаат и Црвенковски и Груевски, и Заев и Мицкоски, а го знаеја и нивните претходници, во нашите млади години, сите ние што се осмелувавме да се залагаме за еднаквост нè гонеа за сепаратизам, национализам, шовинизам, а денес истиот пристап софистицирано се повторува со прогон и оцрнување за наводна корупција и криминал од истата доктрина и истите заробени умови кои ги карактеризираат граѓаните во граѓани од прв, втор, трет ред и сметаат дека државата им припаѓа само ним.

Намерно и лажно се сееше и се сее лажен страв кон граѓаните за непостоечки непријатели кај Албанците од страна на политичките елити за да се владее злоупотребувајќи ги наметнатите стравови, а не залагајќи се за заедничка иднина.

Со Охридскиот мировен договор си подадовме рака, си дадовме збор и беса едни на други, дека ќе изградиме заедничка, еднаква и евроатлантска татковина

Целата колумна на Али Ахмети, претседател на ДУИ, во целост прочитајте ја тука

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Бујар Османи е симбол на дваесетгодишната корупција

Полицијата легитимирала новинари кои ја следат смената на директорката во училиштето во Демир Хисар

Мицкоски: Рекордни средства од Буџетот се издвојуваат за здравството, целосно е реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија