Утрински Весник
Свет

Александар ван дер Белен победи на претсеателските избори во Австрија

Александар ван дер Белен победи на претсеателските избори во Австрија
Dik 300x250 mk

Австрискиот претседател Александар ван дер Белен освои 56,7 отсто од гласовите на претседателските избори во неделата, соопшти МВР по пребројувањето на гласовите добиени по пошта. Излезноста на претседателските избори беше 65,2 отсто.

dobivaj vesti na viber

Ван дер Белен победи на изборите со 56,7 отсто освоени гласови во првиот круг, а во јануари ќе положи заклетва за втор мандат како шеф на државата.

На второ место е кандидатот на Слободарската партија на Австрија (ФПО), Валтер Розенкранц со освоени 17,7 отсто од гласовите. На трето место е Доминик Влазни, лидер на „Пивската партија“, со 8,3 отсто од гласовите, кој успеа да ги освои пред се младите гласачи. Зад него е независниот кандидат, виенскиот адвокат Тасило Валентин со 8,1 глас.

Официјално, конечниот резултат ќе биде објавен на 17 октомври, кога ќе биде објавен во Службен весник.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим