Јувентус нема страст во играта, оцени тренерот Макс Алегри, по поразот од Макаби во Хаифа, во четвртото коло, во Лигата на шампионите.
„Тешко е да се објасни ова што се случи, можеме само да молчиме, бидејќи ова не беше добар натпревар. Мора да ја надминеме оваа ситуација, да бидеме тивки и да работиме. Сега се враќаме во Торино и почнуваме да се подготвуваме за дерби натпреварот. Проблемот овде не е во тактиката, на овој тим му недостига страст. Играме премногу индивидуално, мораме повторно да почнеме да играме како тим“, изјави Алегри за „Скај спорт Италија“.
Јувентус се наоѓа во тешка ситуација во Лигата на шампионите, има само три бода по четири одиграни натпревари.
И покрај поразот во Хаифа, првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели потврди дека Алегри ќе остане на клупата на „старата дама“ до крајот на сезоната.