Утрински Весник
Спорт

Алегри дивеел пред челниците на Интер: Вие сте го..а, нема да дозволиме да играте во ЛШ

Алегри дивеел пред челниците на Интер: Вие сте го..а, нема да дозволиме да играте во ЛШ
Dik 300x250 mk

Интер со вкупен резултат 2:1 го елиминираше Јувентус во полуфиналето на Купот. Синоќешниот реванш, Интер го доби 1:0, со голот на Ди Марко. По мечот, тренерот на „Старата дама“, Масимилијано Алегри, доби жолт картон и беше доста груб кон челниците на Интер, Дарио Бачино и Бепе Марота.

dobivaj vesti na viber

Масимилијано Алегри не можеше да ги контролира емоциите по поразот. Тренерот упатил жестоки навреди кон челниците на Интер.

Им порача дека следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите. Ќе направат се за да го спречат Интер да биде таму.

„Ви сте го..а. Ќе завршите шести на табелата“, им рекол Алегри на Бачино и Марота, а потоа во соблекувалната и имал што да им порача на своите фудбалери.

„Мораме да завршиме пред нив на табелата. Нема да им дозволиме да играат во Лигата на шампионите“.

Откако им беа вратени одземените 15 поени, Јувентус се трети на табелата со 59 поени, два помалку од второпласираниот Лацио. Зад нив се Милан и Рома со 56, односно Интер со 54 бода.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата