Утрински Весник
Балкан

Албанските иселеници во првото тромесечие  дома испратиле 242 милиони евра или 13 отсто  повеќе од лани

20240611092527 Big 730x400 87.webp.webp

Во првиот квартал од годинава  албанските иселеници, на нивните најблиски во татковината, им испратиле 242 милиони евра, што е за 13 отсто  повеќе споредено со истиот период  минатата година, објави Централна банка на Албанија. – 

-Она што се забележува е дека пораст на дознаките е забележан не само кај формалните канали, банкарскиот систем и операторите за трансфер на пари, туку и во готовина. Поради тоа приливот на средства се смета дека е многу поголем, објавија медиумите.

Истражувањата покажуваат дека неколку десетици илјади домаќинства редовно добиваат пари од своите роднини, што се смета и како месечна плата.

Италија и Грција водат како земји од каде доаѓа најголемиот прилив, поради големиот број имигранти кои живеат и работат во овие две земји. Следуваат Велика Британија  и Германија.

Според Централна банка високите нивоа на дознаки, приходите од туризмот, странските директни инвестиции се главните фактори за силната девалвација на странските валути,  посебно еврото.  Тоа бележи историски најниска вредност од 100 леки за едно евро.

Минатата година дознаките изнесувале 930 милиони евра или 100 милиони повеќе од претходната година. 

Можете да прочитате

Како снема струја на Балканот

ЕУ откри измама со ИПАРД фондовите во Албанија, ќе блокира 112 милиони евра од ИПАРД 3

Хоџај: Курти и Вучиќ го користат северот на Косово за да ја задржат власта