Утрински Весник
Македонија

Албанскиот опозициски блок се заканува со кривична пријава за Георгиевска доколку не ја деблокира работата на Комисијата за прашања на избори и именувања

Fadil Zendeli 700x385 1.jpg

Албанскиот опозициски блок денеска оствари средба со новиот претседател на Собранието, Јован Митрески и побара да се деблокира процесот за избор на член на ДИК. По средбата, Фадил Зендели од Европскиот сојуз за промени пред медиумите порача дека процесот е заглавен кај претседателката на Комисијата за прашања на избори и именувања, Марија Георгиевска. Доколку истиот во наредните денови не биде одблокиран најави кривична пријава против претседателската на Комисијата, Георгиевска. -Целта на нашата средба беше изборот на членот на ДИК, работа која се одолговлекува со месеци во Собранието, целиот процес е изблокиран во постапките на нашето Собрание кај членот на СДСМ, Марија Георгиевска, која е претседателка на Комисијата за прашања на избори и именувања. Разгледуваме нови алтернативи во нашето политичко делување. Во контакт сме со адвокатска канцеларија во Скопје за да покренеме кривична пријава против претседателката на Комисијата за именувања Марија Георгиевска, доколку таа во следните денови не ја деблокира работата на Комисијата и не дозволува кандидатот на албанската опозиција Абдуш Демири да помине, рече Зендели. Посочи дека целата постапка се искомплицирала од претходниот претседател на Собранието Талат Џафери, кој како што рече, дал можност на една новоформирана партија која нема законски надлежности да преземе член на ДИК. -Имајќи предвид дека партијата која што предложи кандидат, значи тој кандидат не беше нивен член, таа партија согласно последните гласања што ги имавме во Собранието се покажа дека ги поддржува мнозинството и дел од извршната власт, а и тие веќе се носители на некои веќе директорски позиции во извршната власт. Јасна е ситуацијата дека таа партија е партија на мнозинството, значи не може да има член на изборна комисија имајќи предвид дека изборниот законик јасно кажува дека тоа место и припаѓа на опозицијата, во конкретниов случај на албанската опозиција, посочи Зендели.

Можете да прочитате

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства