Утрински Весник
Македонија

Албанската полиција спаси македонски параглајдерист однесен од невремето

Img 5713.jpeg

Пограничната полиција од Корча му помогна на македонски параглајдерист кого го зафати вчерашното големо невреме и го однесе на албанска територија. Веднаш по дојавата, полициските служби реагирале брзо и професионално, го лоцирале и спасиле спортистот. Настанот се случил вчера, соопшти Дирекцијата за миграција и граница од Корча.

„По добиената информација од капетанијата во Свети Наум, Северна Македонија, дека параглајдерист полетал и како резултат на силни ветрови го пренасочил својот лет и можел да падне во селото Аларуп, Поградец, службите на Локалната дирекција за граница и миграција од Корча веднаш се упатија на дадената адреса, овозможија негова локализација и воспоставија контакт со спортистот В. П., кој бил во добра здравствена состојба,“ стои во полициското соопштение.


Според полицијата, лицето В.П. било превезено до граничниот премин Тушемиште и безбедно се вратил на македонска територија. Тој им се заблагодарил на албанските служби за брзата интервенција и професионалниот однос.

„Граничната полиција останува максимално ангажирана во служба на граѓаните, посетителите и туристите и ги поканува сите што имаат потреба да се јават на бесплатниот број 112,“ додаваат од Дирекцијата за миграција и граница од Корча.

Можете да прочитате

Селами најавува промени, враќање на довербата и кадровско зајакнување на Народниот правобранител

„Ги тргав телата за да стигнам до брат ми“ – потресно сведоштво на Кристијан Панов за трагедијата во „Пулс“

Февруари во Кинотеката: Тивки гласови, силни приказни и филмот како чин на сеќавање