Утрински Весник
Македонија

Албанската опозиција одлучила на претседателските избори да „трча“ со Таравари ?

Screenshot 2024 02 14 224601.png

Арбен Таравари, лидерот на Алијанса за Албанците ќе биде претседателски кандидат на албанската опозиција на претстојните избори, открива Алсат. Одлуката била донесена вечерва на заедничка средба на лидерите на Европскиот сојуз за промени, а се очекува  наскоро да биде и официјално потврдена. Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши денеска на Фејсбук напиша  дека албанската опозиција многу скоро ќе го објави својот кандидат за претседател за кого рече дека ќе биде почитувано име кое ги надминува етничките и политичките граници и ќе биде ретка можност во С. Македонија по првпат да се ирази мултиетничкиот карактер на државата. -Денеска, кога и официјално се распишуваат претседателските избори, сакам да ја информирам јавноста дека „Европскиот сојуз за промени“ веќе има свој кандидат за претседател. Сојузот има кандидат кој влегува во оваа трка за да победи и да стане претседател на С. Македонија, кој нема да биде „другиот“, туку ќе биде „нашиот“,напиша Гаши. За можен претседателски кандидат, Таравари се споменуваше уште по средбата на опозицијата со косовскиот премир Курти. Иако тој велеше дека не е заинтерсиран да биде претседатеслки кандидат, Изет Меџити и Билал Касами неколкупати изјавија дека ова прашање не е затворено.

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон