Разбиена албанска шверцерска банда која преку Шпанија шверцувала мигранти во Велика Британија.
Се верува дека мигрантите платиле од 2.900 до 14.700 евра за да бидат криумчарени, а седум лица се уапсени во периодот од понеделник до среда, јавува Би-Би-Си.
Службеници од Националната агенција за криминал (НЦА) со седиште во Шпанија и Велика Британија работеа со шпанската полиција на случајот. Криминалната мрежа шверцувала главно албански мигранти преку северните шпански градови Билбао и Сантандер во Велика Британија користејќи траекти и транспортни рути до Портсмут, Саутемптон и Ливерпул, соопшти NCA.
Властите на Британија и Шпанија идентификуваа околу 50 луѓе кои патувале на рутата и ги поврзале со мрежата, но NCA соопшти дека вистинскиот број на оние што ја користеле рутата е непознат. Агенцијата објави дека мигрантите дошле директно од Албанија во Шпанија, но дека некои биле регрутирани од камповите околу шпанските пристаништа.
Шверцерите им давале сместување и храна додека не биле подготвени, понекогаш во камиони, да патуваат во Британија.
Од седуммината уапсени, NCA соопшти дека меѓу приведените има двајца мажи за кои се верува дека се водачи на бандата. Сите тие главно живееле во Албанија, но биле уапсени во Шпанија и ќе се соочат со кривично гонење пред шпанските судови.