Утрински Весник
Македонија

Албанска компанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички центар во Скопје

Img 4507.jpeg

Компанијата „Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје во наредните 20 години преку јавно-приватно партнерство, објави Призма. Министерот за здравство, Арбен Таравари, ја потврдил оваа информација за БИРН.

На огласот, објавен на 15 ноември, единствено се пријавила „Ѓока констракшн“, компанија формирана во Тирана во 1994 година, која од 2022 има подружница во Скопје. Според договорот, приватниот партнер треба да изгради две катни монтажни гаражи и да стопанисува со целиот паркинг, додека државата ќе добие еден отсто од годишните приходи.


Проценетата инвестиција изнесува нешто над 10 милиони евра. Во моментов, Клиничкиот центар располага со 800 паркинг-места, а со новите гаражи ќе се добијат дополнителни 800-900 места.

„Ѓока констракшн“ е позната по добивањето големи тендери во Албанија, вклучително и изградбата на автопатот што треба да го поврзе Дебар со Тирана. Компанијата е дел од бизнис-империјата на семејството Ѓока, кое има интереси и во енергетскиот сектор.

Во моментов, со паркингот на Клиничкиот центар стопанисува ЈП „Градски паркинг“.

Можете да прочитате

Коцевски го примил предлогот за разрешување

Филипче: Владата ги излажа работниците – ветуваа покачување на плати, но ништо не прават

Филипче: БДП-то е резултат на проектите кои почна СДСМ, се друго во економијата стагнира