Утрински Весник
Балкан

Албанија со Резолуција ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот

Zname albanija.jpg

Албанија ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот, а пак иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и движењето Хезболах за терористички организации.

Ова попладнево на прес-конференција го изјави премиерот Еди Рама. Веднаш потоа Координаторот на пратеничката група на владејачката Sоцијалистичка партија, Таулант Бала потврди дека во име на групата на СП, поднел Нацрт-резолуција за која владејачкото мнозинство има за цел да ја поддржи со гласање во собранието, незвисно од политичката припадност.


Албанскиот премиер ја повтори, како што рече, единствената позиција на Албанија со стратешките сојузници по прашањето на нападите на САД и Израел врз Иран, како и поддршката за пријателските земји во регионот на Блискиот Исток. 

Албанија во почетокот на септември 2022 година ги прекина дипломатските односи со Иран, и ги протера иранските дипломати, откако го обвини Иран дека во текот на летото, истата година, извршил масовен кибернапад врз државни институции на земјата. 

Можете да прочитате

Српската влада ги намали акцизите, горивата сериозно поевтинуваат

Вучиќ: Хрватска, Албанија и Косово чекаат прилика да ја нападнат Србија

Турција останува безбедна туристичка дестинација: Побарувачката за аранжмани е висока, патувањата и летовите се одвиваат нормално