Утрински Весник
Балкан

Албанија ги укина визите за државјаните на С.Арабија, Бахреин, Катар, Оман и Тајланд

Albanija.jpg

Со цел привлекување што поголем број туристи од сите делови на светот албанската Влада донесе одлука со која до крајот на годинава ги укинува визите за граѓаните на пет држави: Саудиска Арабија, Бахреин, Катар, Оман и Тајланд. – Граѓаните од овие земји можат да влезат во Албанија само со патна исправа. Ова е со цел  да донесе што е можно повеќе странски туристи, се наведува во образложението. Одлуката стапува во сила веднаш, со важност до 31 декември годинава. Албанија минатата година регистрираше рекордна бројка на странски туристи или 7,5 милиони, што е за 35 отсто повеќе од претходната година.

Можете да прочитате

За две недели во Косово регистрирани 19 заразени од Ковид-19

Албанија: Усвоена новата изборна реформа, малцинствата не добија загарантирани места во Парламентот

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата