Утрински Весник
Македонија

Албанците со повик за бојкот на Кока-кола: Без ниту едно албанско име на етикетите

Screenshot 20250717 193859 facebook.jpg

Кока-Кола се соочува со жестоки критики во јавноста од дел од граѓаните, откако од нив беше обвинета за дискриминаторски и исклучувачки ставови кон албанската заедница во Северна Македонија.

Причина за тоа е најновата маркетинг- кампања на компанијата, „Сподели Coca-Cola”, која, според овоие граѓански активисти и корисници на социјалните мрежи, целосно ја игнорира албанската популација – иако таа сочинува околу 20% од вкупното население.


На етикетите од производите кои се дел од кампањата се појавуваат исклучиво имиња насловени на Кирилица и со словенско потекло, вклучувајќи и имиња од торбешката заедница. Албанските имиња и латиницата се целосно отсутни. Дополнително, билбордите низ земјата се поставени главно во средини каде што Албанците се малцинство, како Штип, Струмица, Гевгелија, Дојран и Битола. Промотивните активности се одвиваат само на македонски јазик и во спомнатите градови. Албанскиот јазик е службен во Северна Македонија, но Сoca-Cola, според критичарите, го занемарува неговиот статус и со тоа директно ги навредува 672.840 албански граѓани во земјата. Овие граѓани, велат активистите, секојдневно придонесуваат за економијата како потрошувачи, работници и претприемачи — но се целосно невидливи за маркетинг-стратегиите на компанијата.

Можете да прочитате

Богојевски разрешен од директорското место, но се шета во Њујорк од Еразмус!

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје – Тетово, на ГП „Табановце“ се чека половина час

ЦУК: Активни се шест пожари на територијата на земјата