Утрински Весник
Свет

Ал-Малики: Палестинската управа е единствената легитимна власт што може да управува со Газа по конфликтот

20240302123023 big 730x400 90.webp.webp

Шефот на палестинската дипломатија Ријад ал-Малики, денеска, од дипломатскиот форум во Анталија, кажа дека палестинските власти на Западниот Брег (Палестинска управа) се надеваат дека прекинот на огнот во Појасот Газа ќе биде договорен до Рамазан.

Малики кажа дека Палестинската управа (ПА) ќе биде „единствената легитимна власт“ што може да управува со Газа по завршувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

ПА, која има само ограничена самоуправа во деловите на Западниот Брег, окупирани од Израел, ја загуби контролата врз Појасот Газа во 2007 година, кога беше преземена од милитантната група Хамас, пренесуваат британските медиуми.

Израел и Хамас преговараат преку посредници за можен прекин на огнот во Газа, со цел да се стави крај на борбите навреме за Рамазан, муслиманскиот месец на постот, што почнува оваа година на 10 март.

Британските медиуми пренесуваат дека уште во Каиро ќе продолжат преговорите за воспоставување подолготраен прекин на огнот за време на светиот месец Рамазан. 

Можете да прочитате

Кој беше папата Франциск? – 24info.mk

Лидерите на институциите на ЕУ изразија жалење за смртта на папата Франциск

Пентагон ги oтфрли извештаите дека Хегсет споделил доверливи информации за апликацијата за пораки Сигнал