Утрински Весник
Спорт

Ал-Хилал не застанува, следна цел е Гризман

Ал-Хилал не застанува, следна цел е Гризман

Ѕвездата на Атлетико Мадрид , Антоан Гризман, е уште еден фудбалер кој го привлече вниманието на амбициозните клубови од Саудиска Арабија. „Мундо Депортиво“ објави дека Ал-Хилал се фокусирал на францускиот репрезентативец и му понудил 40 милиони евра годишна плата.

dobivaj vesti na viber

Сепак, трансферот ќе биде тежок за реализација бидејќи Гризман веќе ја најави својата приврзаност кон „јорганџиите“ и силната желба да го продолжи развојот во клубот од шпанската престолнина. Поради оваа причина, агентите на Гризман претходно одбија уште една понуда од Саудиска Арабија која дојде од Ал-Наср.

32-годишниот фудбалер минатата сезона забележа 48 настапи за Атлетико Мадрид во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 гола и 18 асистенции.

Неговиот договор со Атлетико Мадрид е со важност до јуни 2026 година.

Можете да прочитате

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска